Кристијан Станковски, познат како Бомбакис по своите написи на картон, на својот Инстаграм профил на кој го следат повеќе од педесет илјади луѓе, се огласи со нови кратки приказни, овој пат приватни.
Бомбакис сега објави емотивни фотографии по повод годишнината од брак, мал јубилеј, бидејќи две години не се некоја бројка, ама како што е редот треба и да се одбележи.
Па бидејќи влијателниот инфлуенсер се потрудил и хронолошки ги наредил фотографиите, веројатно заедничкиот живот со сопругата Вики, одлично им годи.
Пред една година на овој датум тие двајцата се фотографираа со ќерката Бисера, а ова година очекуваат да станат побогати за уште еден член во нивното семејство.
„За уште многу љубов, 30.06.2023“ – напиша подкастерот на фотографијата на која наздравуваат со саканата за уште многу повеќе.
А јубилејот мал или голем секогаш е фантастичен, важно е да го има, а љубовта вечно да трае.
Среќна годишнина!
Foto: Printscreen/instagram/bombakis