Музичката ѕвезда Јелена Карлеуш одржа спектакуларен празничен концерт за својата бројна публика, кој синоќа се емитуваше на телевизија Прва.
Пред Куќата на цвеќето, во мини-арената ги изведе своите најголеми хитови, некои во сосема нов аранжман.
Меѓутоа, освен нејзините безвременски песни, таа изведе и неколку други.
Најемотивниот момент беше кога ја испеа песната „Што те нема“, која ја посвети на нејзината покојна мајка Дивна Карлеуша.
Јелена не можеше да ги сокрие емоциите. Со многу љубов, но и болка таа го отпеа овој хит, а денеска на социјалната мрежа Инстаграм ја сподели снимката со кратка порака:
– За тебе мамо – напиша Јелена Карлеуша под објавата, а нејзиниот настап можете да го слушнете во видеото подолу.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instagram