Стајлингот на Милица Костадиновиќ постојано предизвикуваше вистински полемики во „Ѕвездите на Гранд“, а често ги доведуваше и членовите на жирито во конфликт.
Каква е Милица надвор од камерата сведочат фотографиите од еден од базените во главниот град каде таа уживала деновиве.
И додека нејзините колешки се на морското крајбрежје, Милица решила да поцрни уште дома, пред да замине на одмор во Црна Гора.
Костадиновиќ уживала во убавиот ден во друштво на пријатели, а во еден момент седнала на работ од базенот. Во бразилско жолто – зелено бикини и без трошка шминка на лицето, младата ѕвезда ги привлекла погледите на сите присутни.
Да потсетиме, сценските стајлинзи на Милица во „Ѕвездите на Гранд“ неколку пати кренаа прашина. Додека некои тврдеа дека е оскудно облечена за на телевизија, други застанаа во одбрана и и’ ја симнаа капата за настапот што и го приреди на публиката.
View this post on Instagram
„Естрадата не е нешто што било пред 30, 40 или 50 години, се’ е многу променето. Само пеењето веќе не е доволно за успех, едноставно не е, да не се лажеме. Сакале или не, така е денес. Треба да имате харизма, треба да знаете да зборувате, а многу важен е и стајлингот. Без сето тоа, вие сте само уште една во редот“ – изјави тогаш Милица за Гранд.
Фото: Инстаграм/kostadinovicc_milica