Бугарската фолкерка, мажите ги менува као долна облека. Пејачката Марија официјално објави дека се разведува и од третиот сопруг Мирослав Соколов.
Гласините за раскинувањето се ширеа веќе подолго време, но сега и самата Марија потврди дека нема враќање назад. Колапсот на бракот меѓу пејачката и сопругот број 3 дошол пред извесно време, дознава „Бугарија денес“.
Неколку часа откако се иселил од неговиот заеднички дом со Марија, Мирослав бил фатен во друштво на непознати дами во Грција“. Бизнисменот „си ги лечи љубовните рани“ и ги преплавува социјалните мрежи, особено неговите Инстаграм приказни со фотографии за да даде до знаење дека навистина е слободен.
Бившиот на пејачката сака да покаже колку е посакуван во друштво на слободни жени. Неговиот пријател Тодор Караџов покажа како тој по брачниот бродолом со Марија, се забавува во друштво на силиконски убавици во една дискотека во Грција.
Брачната постела на Марија засега останува празна… Ќе се одважи ли „заводливото мињонче“ и по четврти пат да влета со потпис во брачна заедница или креветот ќе го полни само по потреба – од седмица во седмица, наскоро ќе дознаеме од сексапилната бугарска певица!
Фото: Инстаграм/maria_official_bulgaria/За Българи
Извор: zabulgaria.eu