Младиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж реши да ги изненади своите обожаватели со вишок голотија.
Со оглед на тоа што моментално нема многу обврски околу настапите, слободното време го поминува во теретана, а сега се пофали со резултатите.
Младиот пејач позираше покрај базен и го покажа својот совршено извежбан стомак, а коментарите едноставно не престануваа.
– „Вауууу, честитки“, „Брутално“, „Прво грот, сега плочки, што е следно?“, „Оваа фотографија ми го разубави денот“ – беа некои од нив.
После тоа, Веруовиќ сподели интимен момент од креветот со својата девојка, а потоа и објава која изненади многумина.
– Се создава нов канал каде што секојдневно ќе прикачувам блогови од животот и турнејата. „Животот на Војаж “ – рече тој.
фото: printskrin/instgaram/centralniportal/voyage.mp3