Радио Милева исплашен?

Војаж ги откажува настапите, фановите сметаат дека тоа не е случајно: „Образот ми е чист“

Војаж ги откажува настапите, фановите сметаат дека тоа не е случајно: „Образот ми е чист“

Познатиот млад рапер Михајло Веруовиќ Војаж го привлече вниманието на јавноста откако на својот Инстаграм профил ја сподели загрижувачката вест дека некои од неговите одамна закажани и распродадени настапи се откажани.

Иако директно не ги наведе причините, Војаж објасни дека чека на комплетната листа на откажани настапи и наскоро ќе ја сподели со следбениците.

Она што дополнително предизвика лавина од коментари беше тоа што публиката ги поврза овие откажувања со неговата неодамнешна поддршка за студентските протести и јавните искази и ставови, иако самиот Војаж не го кажа тоа никаде.

Сепак, неговите зборови во споменатото соопштение носат силна порака за интегритет и верба во неговите избори.

– Не знам што ќе се случи во иднина, но едно е сигурно – образот и честа се чисти. Ве сакам – напиша раперот, покажувајќи дека останува верен на себе дури и кога се соочува со деловни пречки.

фото:Instagram printscreen/voyage.mp3

To top