Радио Милева големиот ден дојде

Водителот Миро Кацаров стана татко: Мама Ивана го донесе на свет Тадеј

Водителот Миро Кацаров стана татко: Мама Ивана го донесе на свет Тадеј

ТВ водителот Миро Кацаров и неговата сопруга Ивана вчера (12. Ноември) станаа родители, Миро за првпат, Ивана по вторпат.

Мајката и бебето се добри по породувањето кое се случило на ГАК во Скопје, а за среќната вест госрдиот татко обзнани преку социјалните мрежи каде се уште се редат лавина од чеситки за наследникот кој решија да го носи името Тадеј.

-Од сега па на даље, ќе живееме за нашите две деца. Миа и Тадеј. Фала ти господе за даровите што ни ги даде – стои во описот на една од неодамнешните објави гордите родители.

Неодамна, додека Ивана беше во третиот триместар од бременоста, направија и тематска фотосесија каде во фокус беше голиот стомак на трудницата, најавувајќи дека големиот ден наскоро доаѓа.

Инаку, Миро не криеше дека одамна посакувал да добие дете, па откако сопругата имала една неуспешна бременст, сега со Божја милост го добија нејголемиот благослов.

За потсетување, Миро и Ивана заедно со нејзината ќеркичка од првиот брак, Миа, сега отпочнуваат едно ново животно поглавје, пошарено и уште поисполнето со љубов, засилена од малиот Тадеј.

Честитки, да е здрав и жив!

.фото:Instagram printscreen/miroslavkacarov

To top