Мегафон и оваа среда, никаде ништо слично...

Во празничното издание на интер ток шоу „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски, гостин е… Дедо Мраз!

Во празничното издание на интер ток шоу „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски,  гостин е… Дедо Мраз!

Дедо Мраз е познатиот старец со бела брада што доаѓа пред Нова Година или вечерта на Божиќ и носи подароци на децата кои биле добри, а им остава јаглен на децата што биле лоши преку целата година. Препознатлив е по црвено-белиот костим и долгата бела брада, а да не ги заборавиме ирвасите, елени кои ја влечат неговата санка, преполна со подароци и малите џуџиња елфови кои се работниците во неговата фабрика и воедно се негови помошници.

За жал, кога ќе пораснеме, се сретнуваме со една многу сурова вистина: Дедо Мраз не постои! Подароците под елката се од нашите родители! Па, тоа било само една лага, која родителите ја користеле за да бидеме мирни и умни. Или можеби не е баш така? Ние не сме деца, ама Дедо Мраз ни дојде… Ненајавено на гости и муабет во нашиот поткаст!

Колку го чинеше годинава Дедо Мраз пакетче по глава на дете, дали торбата со подароци за едно семејство чини помалку од нивната месечна потрошувачка кошничка, прави ли ребаланс на буџетот за подароци и дали за тоа му треба двотретинско мнозинство од џуџињата, кои од елените му се омилени, Елена Велевска, Елена Ристевска или некоја трета Елена, зошто Дедо Мраз нема Баба Мразица, може ли најсаканиот старец со бела брада да го замени жена и ако е млада, атрактивна  и згодна како таа би се викала: баба Мразица, дада Мразица или секси Мразица?

Што им порача на нашите Дедомразовци од најважните владини ресори, а што на наједнаквиот меѓу еднаквите македонски Дедомразовци, дали за Нова Година требада се носи  црвена долна облека и зошто?

Дали си пораснал кога наместо Дедо Мраз ќе посакаш подарок да добиеш од Снежана, дали и колку дедо Мраз ги препознава познатите Македонки (с)облечени како секси дада Мразици…?

И уште многу нешта  за Нова Година, за годината што измина, но и за Новата 2025 и Божиќ, на самиот почеток од истата… Зашто на ниту едно друго место нема да слушнете ништо слично како во интер ток шоуто „Ништо лично“!

Сето тоа и уште многу што друго во муабетот со Дедо Мраз како специјален гостин во поткастот на Антонио Димитриевски „Ништо лично“,  премиерно во првата среда од Новата година, на 01-ви декември 2025 во 20 часот  на YouTube  каналот на курирМК (Kurir – YouTube).

To top