Радио Милева 15 години подоцна...

Во „Големиот брат“ никој не ја сакаше Драгица која редовно ги нервираше сите, а денес со 46 килограми помалку е непрепознатлива (фото)

Во „Големиот брат“ никој не ја сакаше Драгица која редовно ги нервираше сите, а денес со 46 килограми помалку е непрепознатлива (фото)

Драгица Јаничиќ јавноста ја запозна за време на нејзиното учество во реалното шоу „Големиот брат“ во 2009 година. Драгица остана запаметена како една од најозлогласените натпреварувачки и девојка која беше  во конфликт со речиси сите учесници.

Нејзината фраза „мачкоо“ и провокациите знаеле да „исфрлат од колосек“ многумина, а нејзе тоа ја смееше.

Денес, 15 години подоцна, Драгица реши да направи драстична промена. На својот Инстаграм профил таа сподели фотографии на кои се гледа нејзината неверојатна трансформација. Јаничиќ е сè уште русокоса, може да се каже, со доста помала тежина, а следбениците на социјалните мрежи позитивно ја доживуваат оваа трансформација.

Потсетуваме, Драгица рече дека е писателка која има неколку свои книги. Долго време ја немаше во јавноста, а потоа во 2017 година се испроба во реалното шоу „Задруга“.

– Се занимавам со хортикултура или цвеќарство, понекогаш и рачно изработувам облека. Немам класично занимање. Да речеме се занимавам со креативна хонорарна работа и живеам од тоа – рече Драгица.

– Според мене, единственото реално шоу кое едноставно е невозможно да се надмине е „Големиот брат“, бидејќи тоа е реално шоу кое е многу добро направен експеримент со акцент на психолошката состојба на учесниците, а често е можно да помогнете да пораснат, созреват, да станат потолерантни и подобри луѓе – додаде Драгица.

фото:Instagram printscreen/ You Tube/ Facebook

To top