Миле Китиќ отсекогаш важеше за вистински заводник, а иако наполни 73 години, сепак може да се пофали со завидниот изглед.
Многумина се прашуваа која е тајната на неговата младост, а Миле еднаш ја откри.
– Штом се разбудам пијам една или две ракии. Не појадувам. Јадам само околу три попладне, лесна храна, најмногу трева – се пошегува Миле во Амиџи. Китиќ уште во младоста ги шармираше понежниот пол, а сега потврди дека бил со голем број жени.
– Па, беа над 2.000. Добро, можеби сега малку претерувам, но навистина сум бил со многу жени.
Фолкерот тогаш откри дека неговата сопруга Марта е безбедно пристаниште за него.
– Се пишуваа секакви работи за нашиот брак, но ништо од тоа не е вистина, јас се шегувам кога го кажувам тоа. Уште сме во брак, толку години сме заедно.
фото: printscreen/instagram