Радио Милева зима и лето во јануари

Викторија Лоба и Катарина Ивановска со шест фотографии го одбележаа првиот месец од годината (фото) 

Викторија Лоба и Катарина Ивановска со шест фотографии го одбележаа првиот месец од годината (фото) 

Кога на социјалните мрежи ќе се постави одреден тренд, тогаш повеќето познати личности  како и останатите сакаат да го пробаат.

Токму таков е споделувањето фотографии на крајот на месецот каде едноставно постои опција да се сублимираат најубавите моменти во неколку фотографии.

Па така и на првиот месец од годината познатите се одлучија на таков чекор, а една од нив беше и пејачката Викторија Лоба.

Лоба покажа дека дефинитивно овој месец го помина во одлично расположение, а тоа лесно се забележува на фотографиите кои ги одбра со цел да го означи заминувањето на Јануари.

Таа постојано споделуваше на кратките приказни на социјалните мрежи каде што е активна дека ужива во зимскиот перид од годината, а снегот за неа е целосно и вистинско задоволство.

Друга што сподели како и Лоба беше познатата манекенка Катарина Ивановска. Таа пак покажа дека деновиве помалку уживала на снег па наспроти минусните температури повеќе обожава плажа.

Катарина заедно со децата и саканиот месецот се сончаше на жешкиот песок во Дубаи. Па така на нејзиниот колаж се забележуваат две годишни времиња и зима и лето.

Но, иако за едни  јануари е лето, а  за други  зима најважно да е полн со активности споделени со најбиските.

А се разбира како што поминува времето Инстаграм ќе ги потсети на овие моменти како спомени  и во иднина ако ништо друго барем ќе им го направи поубав денот.

фото: printscreen/instagram

To top