Виктор Живојиновиќ и Софија Спасојевиќ раскинаа и наводно не се во врска два месеци, пишува српски Информер.
Имено, синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, наводно не е во романса со убавата Софија Спасојевиќ два месеци.
Виктор и Софија, како што пишува Информер, се обиделе да ги решат своите несогласувања по раскинувањето, но сепак донеле одлука да тргнат по свои патишта.

– Виктор и Софија не се заедно речиси два месеци… Се виделе неколку пати и се обиделе да ги решат своите несогласувања, но не успеале. Затоа одлучиле дека секој треба да си тргне по свој пат, тврди извор за гореспоменатиот медиум.
А на социјалните мрежи, Софија и Виктор веќе некое време не објавуваат заеднички моменти, иако порано тоа го правеле често.

Како што се наведува понатаму, Лепа Брена многу ја засакала Софија и останала во добри односи со неа.
-Брена беше тажна кога дозна дека нејзиниот син и Софија повеќе не се во врска, кажал изворот.
фото:Instagram printscreen/viktorernest



