Радио Милева инвестира

Вики Миљковиќ купи уште еден луксузен стан во елитен дел на Белград: „Потрошила 500.000 евра“ (фото)

Вики Миљковиќ купи уште еден луксузен стан во елитен дел на Белград: „Потрошила 500.000 евра“ (фото)

Пејачката Вики Миљковиќ поседува три луксузни апартмани во елитниот комплекс Белград на вода, а сега  уреди  уште еден и се пофали со него на социјалните мрежи.

Откако ја продале својата куќа на Бежанијска коса, Вики и нејзиниот сопруг Ташке инвестирале во новоизградениот комплекс и купиле неколку имоти, но почнале и со препродажба на станови. Таа сега реновирала еден од становите што ги поседува за потребите на нејзината градежна компанија.

Раскошни парчиња мебел во целосно стаклена зграда, со огромна тераса, а инвестициската цена се проценува на повеќе од половина милион евра.

Покрај терасата, Вики покажа и дел од станот каде собите се разделени со стаклени ѕидови, има огромна трпезариска маса и голем видео бим.

Инаку, еден од становите кои ги поседува има и џакузи на терасата, а како што велат, оние кои биле во становите велат дека се исклучително луксузно опремени, па се проценува дека инвестицијата била ни помалку ни повеќе од 1.500.000 евра.

фото: Printscreen/instgaram/TkTok

To top