Истакнатиот композитор, продуцент и аранжер Драган Ташковиќ Ташке денес го слави својот роденден. Меѓу првите што јавно му честитаа со емотивна порака беше неговата сопруга Виолета Вики Миљковиќ.
Вики сподели нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи со моќна порака: „Среќен роденден. Нека нашите животи бидат како најубавиот сон“, напиша Вики.

Вики и Ташке моментално се во Кина, каде што патуваа службено, но Ташке ќе го искористи својот посебен ден и за да се опушти и да ужива со сопругата. Комбинацијата од обврски и одмор ќе го направи овој роденден уште поспецијален, далеку од дома, но во прекрасно друштво.







