Мегафон поткаст гостин

Весна Бејби Петрушевска гостинка во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски

Весна Бејби Петрушевска гостинка во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски

Taa е една од најпознатите македонски актерки, повремено ТВ и радио водителка, писателка, театарски едукатор, а како најново и дебитант во режисерските води… Или едноставно кажано, мултимедијална  јавна личност. Жена што за многумина е симбол за хумор, сила и вистина. Зашто знае да се шегува и кога ѝ е тешко, но и да се бори кога сите би се откажале.

Таа не е само гласна на сцената – таа е гласна и кога животот ќе заболи. И тоа најмногу… И некого кого не го ни познава и неа лично!

Кога говори, зборува отворено – за љубовта, бракот и разводот, за ќерката и синот, за загубите на најблиските пријатели, домашните миленичиња, еден од родителите… За сите оние тивки болки кои јавноста ги дознава дури подоцна.

Кога ќе прифати да разговара, тоа го прави од срце. Затоа со неа не можеш да зборуваш малку. Или влегуваш длабоко – или не влегуваш воопшто во дијалог. За да ве потсети дека најхрабрите луѓе се токму оние што се смеат најгласно.

Зашто таа е една од ретките што умее да покажа дека ранливоста не е слабост – туку суперсила. Впрочем, секој човек има своја приказна зад насмевката.  Луѓето како неа кога говорат, заслужуваат да ги слушате… Со срце.

Затоа не пропуштајте го вечерашното интер ток шоу „Ништо лично“ со вашиот домаќин Антонио Димитриевски чија гостинка ќе биде едната и единствена Весна Бејби Петрушевска. Поткастот премиерно оди вечерва ( среда, 28 мај, 2025 година)  во живо, во 20 часот на YouTube каналот на КурирМК (

To top