На 15-ти март, во срцето на Скопје, легендарниот Васил Хаџиманов Бенд ќе го донесе својот уникатен музички свет во Public Room. Овој виртуозен состав, познат по маестралната фузија на џез, балкански ритми и современи музички експерименти, веќе со децении ја освојува светската сцена.
Подгответе се за вечер исполнета со моќни изведби, оригинални аранжмани и несекојдневна енергија. Покрај нивните најпознати композиции, бендот ќе ви ги претстави и најновите музички идеи, носејќи свежина и динамика што ги одвојува од сите останати.
Не пропуштајте го овој ексклузивен музички настан! Билетите по цена од 600 денари се веќе достапни во претпродажба на www.drugastrana.mk.