Радио Милева љубов која трае четири децении

Вака изгледаше Драгица Стевковска Дракче како невеста пред 39 години (фото)

Вака изгледаше Драгица Стевковска Дракче како невеста пред 39 години (фото)

Драгица Стевковска Дракче е жената која секојдневно ја гледаме на ТВ екраните од нејзината кулинарска емисија „Говиме со Дракче“, фотмат кој веќе една година се прикажува во попладневен трермин.

Минути за релаксирање, прибирање по некој рецепт или техника за готвење, а се’ тоа зачинето со разговор со познат гостин. Кај Дракче нема кој не бил на гости и не покажал колку го бидува во кујна, а таа… Едноставо зрачи со позитивна енергија, милозвучен глас и непосредност кои пават да продолжиш да гледаш.

Сепак, оваа емисија не е првата по која народот ја препознава, Дракче зад себе има богато телевизиско искуство, особено како нумеролог. Повеќето најмногу ја паметат по  „Патоот на светлината“ која траеше цели 13 години на веќе непостоечката А1 телезизија, за потоа да продолжи и на Наша ТВ.

Дракче отсекогаш била пред камери, и тоа со разни емисии како „Гласот од татковината“, „Три гонга“, „Македонските муслимани и нивните обичаи“, потоа „Поетскиот магазин“, „Распеана плетенка“ и ред други.

Година дена пред да ја отпочне тековната кулинарска емисија, таа беше дел од утринската програма на Алфа телезија, од каде го отпочна проектот кој можеби го повторува успехот на оној од порано кога немаше кој не сакаше Дракче да му го протолкува сонот.

Таа водител и нумеролог, а нејзиниот брачен сопатник е познатиот пејач на патриотски песни Орце Стевковски. Драгица ја паметиме од поодамна, но не и тоа како изгледала пред повеќе од 39 години кога му кажала „да“ на Орце.

Една таква фотографија се најде на социјалните мрежи, а таа со гордот ја сподели како спомен од едно дамнешно време. Љубовта за неа секогаш е двигател, а кога истата ја има, тогаш хармонијата во бракот и домот е неминовна.

Дракче и Орце во бракот имаат две ќерки кои веќе се мажени и со свои семејства, а баба и дедо се најсреќни на свет со пет внучиња со кои познатата македонска брачна двојка не ретко знае да се пофали преку социјалните мрежи.

Дракче е инспиративна и несекојдневна дама која секогаш има да понуди, направи и покаже нешто по кое народот ја сака, затоа сигурни сме дека и ќе ја гледате и читате повторно од нашите содржини.

фото: Fecebook/Dragica Stevkovska Drakce

To top