Радио Милева луксузна вила

Вака изгледа луксузната вила на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ вредна половина милион евра (фото)

Вака изгледа луксузната вила на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ вредна половина милион евра  (фото)

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ во хармоничен брак го добија синот Александар, а сега ја споделија убавата вест дека таа повторно е во блажена состојба.

Среќното семејство живее во луксузна вила, чиј ентериер повремено можеме да го видиме на социјалните мрежи на популарната пејачка. Како што пишува порталот „Мондо“, нивната куќа се наоѓа во непосредна близина на домот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, на Бежанијска коса. Куќата која има дури четири спални соби се проценува на околу половина милион евра, додава споменатиот портал.

Може да се забележи дека домот зрачи со топлина, како и дека доминираат нежни тонови.

Поголемиот дел од собите се застаклени, па не им недостига светлина, а за да се сокријат од љубопитните погледи има и долги завеси.

Топлите денови ги поминуваат и на терасата, каде има многу зеленило.

Да потсетиме, синот Александар има четири години, но родителите решиле да не го откриваат неговиот идентитет.

To top