Мегафон црковен празник

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Денес, четврток, 28 август 2025 православните христијани гво македонија го слават празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.

Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.

Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Се верува дека ако на овој празник жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Не треба ни да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот.

To top