Се поголем број јавни личности од српската естрада полека почнуваат да зборуваат за влошената здравствена состојба на Саша Поповиќ, овој пат тоа е пејачката Јана Тодоровиќ која изрази жалење за состојбата на Саша, но и оптимизам за подобри денови.
– Многу ми е жал за тоа што се случи и што се случува. Се надевам дека Сале ќе победи бидејќи отсекогаш бил лидер во се’. Се слушнавме можеби пред некој месец и се јавив на Сузана, ме информираа, многу ми е жал. Мислам дека се’ ќе биде добро. Сузана вели дека е добро., раскажа Јана.
Неодамна беше откриено дека Поповиќ бил во посета на „Гранд“ каде се поздравил со сите и сакал да ја види состојбата таму.
Засега се уште само стои како шпекулација дека Поповиќ води битка со опаката болест.
фото:Instagram printscreen/janavip2011/zvezdegranda