Радио Милева Денот Д

Уште 23 дена… Ивона Јо пред сериозна операција по која очекува голема животна промена (видео)

Уште 23 дена… Ивона Јо пред сериозна операција по која очекува голема животна промена (видео)

Младата македонска пејачка Ивона Јо се стави себеси пред голем животен предизвик, да го смени се’ она што и претставува товар, она што не и се допаѓа физички кај себе, а планира да го реши со операција.

Изминатиот период таа доста ослабе и се промени, интензивно е активна во теретана со секојдневни тренинзи, а сега нејзината главна намера е преку опарација да ја отстрани вишокот кожа по слабеењето.

За се’ ова Ивона зборуваше во „Равенка за успех“ кај Mаја Поцевска каде ја отвори душата за периодот низ кој минува, а и за се’ она што следи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zase.mk (@zasemakedonija)

-Во јануари ми следни една многу покомплицирана операција која што е паралелна на вишокот килограми кои што ги имам изгубено, отстранување на вишок на кожа која што јавно ќе ја проследам. Посебно оние сегменти кои што не се покажуваат, а тоа е болка која што ќе биде присутна. Но едвај чекам, затоа што многу ме спречува да бидам тоа, да бидам тоа што сум и да ги тргнам оковите од мене кои што ми се стегнати како ланци, да не се кријам веќе, да не прекривам сегменти од себе кои што ги имам затоа што јас сум дојдена на овој свет да давам, а чувствувам дека тежината и она што е на мене залепено и прилепено не ми дозволува до крај да го искажам тоа и едвај чекам да го симнам од мене,  за да дадам, затоа што самата на себе сум си кочница. Да бидам тоа што сум и да ги тргнам оковите од мене кои што се стегнати како ланци, кажа Ивона.

Преостануваат уште 23 дена го Д денот кога Ивона ќе легне на операциона маса и ќе тргне кон решавање на она што и тежи и лежи на душа, а како што спомена претходно, целото тоа ќе го покаже јавно.

фото:Instagram printscreen/ivonajo

To top