Наоми Кембел се уште важи за една од најзгодните жени на сите времиња.
Иако нејзината манекенска кариера е далеку зад неа, нејзината манекенска градба не е, а тоа го покажа и со новите фотографии од летувањето.
Наоми моментално летува со пријателките на Ибица, а папараците ги фотографирале како уживаат на луксузна јахта. Манекенката како и секогаш го украла целото внимание.
Извајаното тело на Наоми е во топ форма и на нејзини 54 години, затегната и со беспрекорен изглед во секое време.
Иако двапати стана мајка преку сурогат мајчинство, овој период е препуштена на забава и дружба со пријатели.
фото:You Tube printscreen/ The London Tree Entertainment