Радио Милева ненадоместливата загуба,

Цеце Георгиев скршена од болка: „За жал во овој натпревар не излеговме со победа, нека ме боли мене без тебе само ти галопирај во спокој“ (ФОТО)

Цеце Георгиев скршена од болка: „За жал во овој натпревар не излеговме со победа, нека ме боли мене без тебе само ти галопирај во спокој“ (ФОТО)

Цеце Орешкова, сега Георгиев некогаш беше една од најпознатите македонски манекенки и најхрабри фото модели, а денес е целосно посветена на семејството, ќеркичка Кара Розмари и сопругот Кристијан Георгиев.

Во меѓувреме,  Цеце високите потпетици, позирањето и манекенскиот „cat walk“ по модната писта речиси комплетно ги замни со нова страст… јавањето коњи или поточно, џокејството. Тоа ќе и стане повеќе од само пасија, туку нова љубов!

А, кога е љубовта во прашање, велат врската помеѓу човекот и животното, во случајов  јавачот и неговиот коњ станува толку силна и искрена, што е повеќе од посебна. Љубов која тешко може дас се опише со зборови, зашто таквата „тајна врска“ може само да се почувствува. Кога едниот на другиот му ги пренесуваат емоциите, ја споделуваат енергијата, а страста и желбата за победа одѕвонува под одекот на копитата во галопот кон целта. Но врската помеѓу коњот и јавачот не е само натпревар, не е само гола трка… Многу повеќе љубов има во споделувањето на погледите, допирите, чешлањето, тимарењето, играта… Тогаш волшебството на сетилата ја прави таа невидллива врска магична!

За жал, се што е убаво има свој крај, свој животен циклус, и порано или подоцна, по редот на нештата или прислно, мора да заврши… А кога таа невидлива нитка ќе се прекине, болката станува многу посилна и од љубовта… Неподнослива! Кога еден живот се гасне, една душа заминува, како во случајов на најверниот пријател на Цеце Георгиев, нејзиното грло Чарли, тогаш човечката душа е длабоко ранета… Нејзината не престанува да крвари.

Скршена од болка заради ненадоместливата загуба, Цеце споделила емотивна фотографија и проштален статус од нејзиниот љубимец Чарли, чиј живот за жал, морал да згасне.

„Една слика илјада зборови …. Нема потреба ни од еден кажан збор повеќе… Чарли Ти Благодарам за сите овие девет години што беше дел од мојот живот, за секој убав момент со тебе за секој миг исполнет со љубов … За жал во овој натпревар не излеговме со победа, но сепак те потапшав по врат и ти дозволив да одиш, нека ме боли мене без тебе само ти галопирај во спокој… И вистинската љубов никогаш не гасне , имаш посебно место во моето срце и во моите спомени… Засекогаш ќе бидеш мојот еден и единствен…“ – напишала Георгиев.

Фото: Инстаграм/cecegeorgiev

 

To top