Цеца Ражнатовиќ, исто како и остатокот од Балканот, будно ја следи борбата на Новак Ѓоковиќ за уште една титула на Вимблдон, а откако славниот тенисер на свој уникатен, крајно шармантен начин се справи со англиската публика, му даде поддршка и фолк ѕвездата.
Имено, со епитетот „Цар“, Ражнатовиќ го сподели т.н Оро на Новак, компонирано од Жељко Јоксимовиќ, по тој повод доби голем број пофалби.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ на 8 јули го совлада Холгер Руне во осминафиналето на Вимблдон, а по тој повод навивачите на Руне му дофрлуваа на Новак, што очекувано го испровоцира најдобриот тенисер на сите времиња.
Новак го коментираше неспортското однесување во својот говор од централниот терен на Вимблдон.
– Презадоволен сум. Мислам дека беше далеку од своите најдобри. Ги загуби првите 12 поени, па мораше да потроши време за да се „врати“ во мечот. Што се однесува до мене, мислам дека направив се на вистински начин. Имав брејк точка со која се соочив на крајот од вториот сет, но тоа беше многу солиден излез и среќен сум што го завршив по три сета“, рече Ноле, а потоа додаде:
View this post on Instagram
– До сите оние кои беа со почит и кои останаа вечерва, имам само голема почит од се срце. И, за сите оние кои избраа да не ги почитуваат играчите, во овој случај мене, ви посакувам „добра ноќ“.
фото:instagram printscreen/ djokernole/ cecaraznatovic