Пејачот Харис Џиновиќ е во центарот на вниманието на јавноста по разводот со Мелина Џиновиќ.
Сепак, вечерва на 10 април, организираше прослава во својата вила на која беше и Цеца Ражнатовиќ.
Имено, Џиновиќ го слави Рамазан Бајрам, а по тој повод во својата вила приреди традиционална вечера за пријателите.
Тоа беше речиси традиција на Мелина и Харис кога живееја заедно, која тој ја продолжи и сега … Тој како и секоја година ги покани само своите најблиски пријатели, меѓу кои и Цеца Ражнатовиќ, која се фотографираше со пејачот.
– Вака јас и мојата љубов го славиме Бајрам. Дека сите се живи, здрави и среќни. Дали е тоа точно? – рече Цеца, додека Харис ја бакнуваше во образ.
Како што може да се слушне на снимката во позадина, Харис оваа година направи малку пораскошна прослава….
фото: printskrin/instgaram/cecaraznatovic