Мегафон забавен настан во ОУ „Лазо Ангеловски“

„Тоше те сакаме“ во чест и сеќавање на Тоше Проески во Општина Аеродром

„Тоше те сакаме“  во чест и сеќавање на Тоше Проески во Општина Аеродром

На 23 јануари 2026 година (петок), во периодот од 12:00 до 15:00 часот, во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“, се одржа забавниот културно-уметнички настан „Тоше те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески.

Настанот претставува иницијатива на жителите, а е поддржан и ко-организиран од Општина Аеродром, во соработка со детските градинки и основните училишта од Општина Аеродром, како и со партнерите Lions in Move, Bombakis, Boemot и RVR Brend.

Целта на настанот беше преку уметнички, образовни и музички содржини да се одбележи трајната вредност на делото на Тоше Проески, неговата хуманост и влијанието што го има врз младите генерации и македонската културна сцена.

Програмска содржина се состоеше од ликовна изложба на ученици од основните училишта, креативна активност „Пишуваме картони со Bombakis“, креирање заедничка мега-слика „Ѕвездено небо“ со PVP бренд, настапи на училишни хорови и музички настапи на актуелни македонски музички уметници.

Во музичкиот дел од програмата настапија: Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Тамара Волческа, Владимир Поповски, Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Наде Талеска, Lili Acoustic и Васил Ангелов, кои со свои интерпретации му оддадоа почит на безвременското музичко наследство на Тоше.

Настанот „Тоше те сакаме“ претставува силен пример за заедништво меѓу граѓаните, локалната самоуправа и образовните институции, обединети околу вредностите што Тоше Проески ги живееше и ги пренесуваше преку својата музика – љубов, човечност и искрена емоција.

 

To top