Не ништо ново ниту невообичаено на музичките ѕвезди публиката да им дава ситни подароци. Најчесто тоа се букети со цвеќе или ситни сувенири во вид на играчки. Сигурно сте виделе како возбудените фанови фрлаат разни плишани мечиња, зајачиња, кученца… на сцената на некоја музичка ѕвезда. Особено ако е во прашање машко и е миленик на женските срца, каков што беше и нашиот ангел, нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.
Како што се ближи тој октомвриски кобен ден на неговото прерано заминување од овој свет, така секоја година се’ повеќе навираат сеќавањата и спомените на „ѕвездата која физаички замина, но никогаш не згасна“, на момчето со кадифен глас, бисерна насмевка и широко срце… кое ги сакаше сите.
Тоше не беше исклучок кога беа во прашање подароците од фановите, но беше исклучок кога тој ним им подаруваше. На сите љубов, песни што ќе останат, хумана помош во неизмерни граници секогаш кога тоа беше најпотребно, автограми, но неретко и материјални подароци, во вид на ситни, а за нив толку значајни сувенири.
Сепак, една необична случка ќе остане запаметена засекогаш… Онаа за најнеобичниот подарок за една негова млада обожавателка. Дар и гест кој само најголемите можат да го направат во такава ситуација во која се нашол во тој навидум незгоден момент и самиот.
Зашто во моментот да си најголематаи најпопуларна музичка ѕвезда, а некому да му подариш парче од својот преден заб, кој сакајќи да те бакне, претходно ти го скршил е веројатно раритет во светски рамки. веројатно единствен случај во историјата на музиката… Гест која само уште еднаш ја покажува големината на најблескавата музичка ѕвезда… Но не онаа естрадната, туку онаа човечката!
Многумина други веројатно сосема поинаку би реагирале, но не и Тоше… Затоа беше и ќе остане – еден и единствен.
Да се потсетиме на приказната за случката која во една прилика, во една ТВ емисија кај водителката и писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ, самиот Тоше ја раскажа:
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/hotnews.mk