Радио Милева инстант слава

Топ 5 пејачи кои имаа само еден хит: Цел живот ја пеат истата песна

Топ 5 пејачи кои имаа само еден хит: Цел живот ја пеат истата песна

На сите им се случило да ги знаат зборовите на одредена песна од почеток до крај, бидејќи е безвременски хит, а не можеме да се сетиме кој ја пее.

Тоа се обично уметници или групи кои го имале само тој еден хит, или таа конкретна песна ги засенила сите други дела на тој уметник, со оглед на тоа што само по неа го препознаваат. Странците дури и го имаат терминот „One-hit wonder“ за оваа појава, што во превод значи – чудо со еден удар.

Ова е ситуацијата кога изведувач или музичар објавува песна која „доживува“ инстант слава и станува свој бренд.

На  јавната сцена има многу кои имаа само еден голем хит, а набргу потоа се пензионираа или имаа помали хитови.

Пејачот Горан Димитријадис Дима сите го паметат по легендарниот хит од деведесетите, моќната песна „Nije mene dušo ubilo“ од неговиот прв албум, по кој немаше поголеми хитови.

„Никогаш не сакав да пукам по секоја цена. Не разбирам дека некој би продал нива или некој друг имот за да сними ЦД. Никогаш не ја гледав музиката како занает“, рече еднаш, кога откри дека постојано се соочува со прашања – „зошто по овој хит не продолжи во таа насока?“.

Зоран Ванев е македонски пејач кој својата кариера ја започна во 1993 година кога ја објави песната „Ангела“. Десет години подоцна го сними својот прв албум на српски јазик и со тоа се здоби со популарност, најмногу поради песната „Јужна железница“. Набрзо престана да се занимава со музика и се пресели, а тоа остана единствениот хит по кој е препознатлив.

Други кои се наоѓаат на списокот видете во видео прилогот по текстот.

“Čaroban” е песната со која Даница Нина Радојичиќ ја претставуваше Србија на 56. Избор за песна на Евровизија, одржан во мај 2011 година во германскиот град Дизелдорф. Траката „Чаробан“ ја компонираше Кристина Ковач.

„Pokusaj“ – Елвир Лаковиќ Лака

„Skloni je od moga stola“  -Пејачката Ива Врчиќ се прослави во 2005 година со песната, која за многу кратко време стана хит.

Фото: printskrin/YouTube

To top