Мегафон ТВ премиера

Токму на Илинден: Концертот на „Меморија“ од „Дом на млади“ во Штип ексклузивно на ТВ 24!

Токму на Илинден: Концертот на „Меморија“ од „Дом на млади“ во Штип ексклузивно на ТВ 24!

Концертот на ВИС Меморија во отворениот амфитеатар во „Дом на млади“ во Штип, на кој групата  ја претстави новата постава како и новите песни,  премиерно и ексклузивнмо во ТВ етерот ќе биде емитуван на „ТВ 24“.

ТВ премиерата ќе се случи утре – 2-ри Август, токму на најголемиот македонски празник Илинден, а терминот на емитување на концертот на ТВ 24 е во  15 часот и 30 минути.

Со оваа концертна ТВ ексклузива членовите на бендот на целиот македонски народ му го честитатат Денот на Републиката, а по тој повод лидерот на групата Петар Георгиевски – Камиказа, се огласи на својот Фејсбук со свој пост и најава:

„Во пресрет на најголемиот се македонски непокор, Меморија ви го подарува ова 90 минутно музичко патешествие од концертот во Штип. Да ни е честит и вековит Илинден. Македонија вечна!“ – споделил Камиказа, споделувајќи го и концертот за сите оние кои нема да бидат во можност да ја гледаат неговата ТВ премиера.

Концертот можете да го погледнете ако кликнете на следниот ЛИНК   на  You Tube  или подолу во продолжение  на текстот:

 

To top