Радио Милева денови кои ќе ги памети

„Тоа за мене беше пекол“: Драгана Мирковиќ за најтежниот период од животот (фото)

„Тоа за мене беше пекол“: Драгана Мирковиќ за најтежниот период од животот (фото)

Разводот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ ја изненади јавноста. До крајот на бракот пејачката за својот сопруг секогаш зборувала со суперлатив, па никој не знаел што се случува зад затворени врати.

– Единствено што имав да кажам е тоа што го кажав, тоа беше некаде во средината на март. После тоа не кажав ниту збор ниту направив ништо друго, нема потреба од тоа. Бев подготвена за такви чудни пишувања и чудни наслови. Што да правам, така оди – рече Драгана.

– Колку што можев да влијаам со моето молчење, влијаев. Не затоа што го направив тоа намерно, туку таква сум јас. Мислам дека луѓето забележаа дека сум целосно надвор од приказната и дека едноставно се грижам за моите деца – изјавила Драгана, која сега признала дека периодот кој го остави зад себе и бил многу тежок.

– За првпат, додека подготвував концерти во Арената, бев одвоена од моето семејство. Секако, како и секоја жена и мајка, морам да признаам дека најмногу ми недостигаа моите деца, да не се лажеме – изјави прво Драгана.

– Бев одвоена од семејството затоа што подготвував концерт, имав средби со продукцијата за тоа како ќе изгледаат ЛЕД екраните, што ќе има на нив и слично – рече Драгана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

– Имав само половина час дневно за да излезам на ручек. Не можев да се вратам во семејниот дом. Само два-три пати отидов дома два дена. Тешко ми беше. За мене беше пекол, но бев свесна дека морам – додаде Мирковиќ, а пишува Стопри.рс

фото:instagram printscreen/ dragana_mirkovic

To top