Радио Милева најдобра идеја

„Тоа беше забавно“: Хајди Клум откри кои ѝ се двата омилени костими за Ноќта на вештерките, но и дека ги чува сите досега носени

„Тоа беше забавно“: Хајди Клум откри кои ѝ се двата омилени костими за Ноќта на вештерките, но и дека ги чува сите досега носени

Хајди Клум секоја година за Ноќта на вештерките ги поместува границите на маскирањето. Со своите костими редовно воодушевува, но и го шокира светот, а последниот во низата е еден од најбизарните.

Имено, Хајди се маскираше во џиновска, крвава отсечена рака. Многумина се интересираа што се случува со сите нејзини креации по завршувањето на прославата, а манекенката открила дека ги чува сите.

„Сè уште ги имам сите свои костими. Пред некој ден ги видов коментарите во кои луѓето пишуваа: „О, сето тоа завршува во ѓубре“. Но, не е така“, рекла таа, пренесува „Пипл“, додавајќи:

„Сè се складира и се чува во кутии во магацин“.

Хајди открила и што ѝ послужило како инспирација за овогодишниот костим.

„Ја гледав својата рака и си помислив: „Хм… Се прашувам дали би можела да се сместам во една шака?“ Ги гледав прстите и сфатив дека тие всушност би можеле да бидат нозе. Потоа, моите раце би можеле да бидат дополнителни прсти, а телото некако би го сместила внатре. Тоа беше идејата што ја предложив“, објаснила Хајди за споменатиот медиум.

Манекенката во една прилика открила и кои ѝ се омилените костими досега, издвојувајќи два – постара верзија од самата себе и дождовен црв.

„Навистина ми се допадна кога се видов себеси во постара верзија. Тоа беше забавно. Како да отидов во посета на себеси на 90-годишна возраст. Беше неверојатно. Го сакам и костимот на дождовен црв бидејќи инспирираше многу интернет-мемиња, што беше забавно“, изјавила Хајди за ЕТ.

Таа истакнала дека ѝ било забавно и тоа што морала да лежи на подот додека дава интервју, бидејќи дождовните црви обично се движат по земјата.

foto: printscreeen/instgaram/heidiklum

To top