Мегафон во текот на април и мај...

Тино и Атанас на европска стендап турнеја: „На линија со Европа“

Тино и Атанас на европска стендап турнеја: „На линија со Европа“

​Популарното комично дуо Атанас и Тино ja најави европската турнеја со стендап шоуто „На линија со Европа“. Турнејата започнува во Британија со настап во Лондон на 18 април. Следниот настап е во Виена на 24 април, а следниот ден Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски гостуваат во Грац.

​Мајскиот дел од турнејата е во Скандинавија и на Балканот. Првиот настап е во Малме (Шведска) на 8 мај, а на 9 мај се во Копенхаген. Турнејата завршува со гостувањата во Загреб на 22 мај и во Љубљана на 23 мај.

„Денес во ова ново време, кога живееме за телефоните, како да не живееме. Поточно, денес не живееме. Затоа на овој стендап ќе се обидеме да ги излечиме луѓето од тој живот и да ги насмееме во живо“, рече актерот Атанас Атанасовски на претходна прес-конференција во Скопје.

To top