Да се има црвена боја на косата е уникатно, но и навистина храбро. Ретко која дама се одлучува на таа варијанта, а оние која се решиле на таков потег, најчесто остануваат верни на изборот.
Една од нив е македонската поранешна пејачка Ноне Неделковска на која црвената боја и е омилена и никако не ја менува. Можеби за нијанса посветла или потемна но црвената сепак останува. Таа неретко ја менува должината на косата, но бојата никако.
Ноне во комбинација со црвена боја на косата и црвена облека дефинитивно изгледа одлично и компактибилно.
Неодамна на тоа се придружи и македонската мисица, модел и пејачка Кристина Димитри која ги воодушеви своите следбеници со неверојатната промена на имиџот.
Кристина на социјалните мрежи се пофали пред јавноста дека има нова боја на косата, иако веројатно е перика – огнено црвена за која тогаш кратко напиша колку е задоволна: „Ух и црвено ми стои…“!
Оваа боја таа веднаш ја искомбинира заедно со црвена тоалета и со тоа го привлече вниманието на сите кои ја следат.
Во клубот на црвенокоси, љубител е уште една македонска пејачка Теа Трајковска која не ретко истакнува дека на косата и посветува многу време и внимание бидејќи ја бојадисува веќе многу долго време.
Tea е позната по тоа што често експериментира со својот изглед менувајќи ја должината на косата како и црвената во повеќе нијанси, а во црвена тоалета изгледа атрактивно и жешко.
Она што е евидентно е дека црвената боја на косата и црвената тоалета во монохроматска целина изгледаат за милина… Дилемата е само една, кога веќе овие дами се одлучиле да изгледаат така смело: Дали се црвени и „по цело тело“? Поточно дали на црвен фустан, црвена коса или перика, прилега и црвена долна облека?
Или црвени гаќички и градник се носат само за одреден празник? Само за специјална прилика какви што се Денот на вљубените или Нова година?
фото: printscreen/instagram