Радио Милева Менторска поддршка

„Ти благодарам шкорпио“: Александар Јосифовски славеше роденден, а неговиот ментор јавно му честиташе со што ги елиминираше сите шпекулации дека односите им се нарушени (ФОТО)

„Ти благодарам шкорпио“: Александар Јосифовски славеше роденден, а неговиот ментор јавно му честиташе  со што ги елиминираше сите шпекулации дека односите им се нарушени (ФОТО)

Охриѓанецот Александар Јосифовски кој се прослави во шоуто „Ѕвездите на гранд“, иако не ја однесе победата од сезоната 22/23 и заврши на второто место за  многумина тој беше вистинскиот победник.

Македонскиот учесник во  Гранд,  успеа да остане верен на себе,  како во музичка така и во визуелна смила, а денес има посебна причина и повод за славење.

Имено,  Јосифовски на социјалнатат мрежа Инстаграм  сподели дел од честитките кој ги доби за убавиот ден на неговиот роденден, а меѓу нив беше и онаа од неговиот ментор Ѓорѓе Давид за кој се зборуваше дека им се нарушени односите.

Со честитката тој потврди дека се е во најдобар ред со неговиот ментор  и колега .

– Среќен роденден!  – му напиша тој, додека Александар јавно му се заблагодари.

– Ти благодарам Шкорпио – одговори тој.

Александар  имаше доста настапи заедно со бендот на Давид „Dad Saw“, каде пееше и Ивана Петерс, но рокерот потоа си постави други приоритети на кои беше посветен, а и се уште е.

„Генерално рокот е она што го чувствувам, овој стил и се што носи овој вид музика со себе е она што го обожавам уште од дете. Сакам да носам многу прстени и ланци на себе, да ѕвонам додека одам . Уживам во рок верзијата “ – откри  еднаш  за себе талентираниот Македонец.

Фото: printscreen/instagram/alexandarjosifovski

To top