Антониа Гиговска деновве ја објави својата нова песна насловена „Специјалиста“ која активно кружи по социјалните мрежи, а брои и прегледи на видео платформата Јутјуб.
Кога Гиговска има ново музичко парче да презентира, тогаш тоа секогаш е поткрепено со видео приказна, а за оваа се работеше напорно изминатиот жекож летен период.

Дел од егзотичното видео е и една наша позната ТВ водителка која е танцово засилување во позадина на пејачката.

Веројатно не ја ни препознавте со турбанот на главата и колоритниот стајлинг, но ако подобро се загледате, ќе забележите дека станува збор за водителката на утринската на Канал 5, Цеце Николова.

Горда на својот ангажман Цеце објави серија фотографии од снимањето, а Антониа пак и едно видео додека ја учат кореографијата.
View this post on Instagram
Како се снајде Цеце како танчарка и како и прилега новата улога, коментарот е Ваш…
фото:Instagram printscreen/nikolova.cc/antoniagigovskaa




