Радио Милева без двоумење

Теа Трајковска со нови соништа и амбиции: Пејачката има желба да добие покана за „Барби 2“

Теа Трајковска со нови соништа и амбиции: Пејачката има желба да добие покана за „Барби 2“

Младата пејачка Теа Трајковска која  е позната по својата неверојатна способност за чести и драматични промени на изгледот, повторно привлече внимание.

Таа без двоумење ја менува својата фризура секогаш кога ќе добие таква идеја, како да е нејзин најдобар израз на слобода и креативност.

Денес, токму по една од тие трансформации се сними во автомобилот додека позираше.

Теа штотуку го напуштила салонот и задоволството од новиот изглед беше неспорно – од секој агол го пренесуваше воодушевувањето пред камерата на мобилниот, создавајќи кратка приказна на Инстаграм

Во описот на видеото, таа откри нешто што ги заинтригира нејзините фанови, нејзината нова желба – да добие покана за филмот „Барби 2“.

Со енергија која плени, Теа покажа дека не само што менува фризури туку и соништата и амбициите неуморно ги обновува.

 

Инаку таа моментално е во Охрид, а пред следбениците го покажа и погледот кој го има од нејзината соба.

А во животот како и во стилот најважно е да не стоиме на едно место, туку да се осмелуваме на промени, да ги следиме желбите и да го живееме својот најубав момент, секој ден.

Foto: printscreen/instagram/theatrajkovska

To top