По се’ изгледа младите пејачи Теа Трајковска и (т)раперот Таско се одлична спојка кога ќе ги вкрстат своите таленти за музика. Нивниот настап на годинешниот „Макфест” беше еден од најдобрите, а доказ за тоа е нивната песна „Сатурн”, која е апсолутен хит на сите наши радиостаници.
Испровоцирани од одличниот прием од публиката, Теа и Таско снимија и акустична верзија на истата песна и да бидеме искрени, „Сатурн” „ без струја“ доби една поинаква димензија. Младите музичари снимија и видео за новата акустична верзија во една преубава вила на мавровското езеро.
Погледнете, слушнете и уживајте: