Сестрата на српскиот фудбалер Немања Гудељ, Вања го прослави својот 22 роденден, а нејзината снаа Анастасија Ражнатовиќ ѝ приреди незаборавно изненадување.
Додека Вања, нејзините пријатели и Анастасија славеле во ресторан, пристигнало посебно изненадување – торта со балони и голема мечка направена од црвени рози.
На балоните ја пишуваше пораката: „Те сакаме до бесконечност“.
Анастасија, пак, покрај видеото што го објави на својот профил на Инстаграм напиша: „Среќен роденден, сестро моја. Биди секогаш среќна“.
View this post on Instagram
Вања не можела да ги сокрие радоста и воодушевувањето, останала без зборови па дури и заплакала од радост, трогната од целата роденденска прослава.