Радио Милева детска химна

Тато и чичо во светот на бајките: Браќата „Некст тајм“ со домашен концерт специјално за неа (видео)

Тато и чичо во светот на бајките: Браќата „Некст тајм“ со домашен концерт специјално за неа (видео)

Семејната лоза на семејството Филиповски се продолжи со доѓањето на свет на малата Лиана која особено го обои животот на тато Мартин и мама Андреа.

Откако малечката стана центарот на нивниот универзим, се’ се врти околу неа и само за неа, и не само за мама и тато, туку и за чичковците, вујкото, бабите…

Лиана е нивната инспирација, а што би рекле или пееле тие како „Некст тајм“ – „целиот свет во раце две“, непресушен извор на љубов, позитивна енергија, смеа,  неизмерна радост, па дури и таква за акустичен концерт по дома, специјално само за неа.

Репертоар разбирливо соодветен за малата принцеза, особено ако е дојдено време за приспивна, тогаш тато и чичо со гитарите во раце и пеат и свират во нејзиниот, но и нивниот свет од бајките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Next Time (@nexttimeband)

Една од најубавите детски песнички испеани кај нас, „Во светот на бајките“ од истоимената ТВ серија, Мартин и Стефан и ја свиреа и пееја специјално на Лиана.

„Детска химна“ која го одбележа растењето на многу генерации, овој пат разнежни многумина на социјалните мрежи, па браќата добија дури и сугестија да ја препеат и постават јавно.

Милина од глетка за топење на срце и душа, а веруваме и успешна мисија како приспивна, ако воопшто и тоа им беше намерата…

фото:Instagram printscreen/ nexttimeband/ kristijanteodorov/bl.andrea

To top