Пејачот Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ станаа родители пред две години, кога ја добија ќерката Алба.
Петар неодамна ја изненади јавноста споделувајќи видео од неговата ќерка како го пее неговиот хит „Ако те питају“.
– Сега тато ќе ти го намести, за да пееш како тато. Ајде, сега пеј и играј – рекол Петар кој и помагал на ќерка си во изведбата на песната.
View this post on Instagram
Видеото можете да го погледнете тука.
Да потсетиме, Петар Грашо (48) чека второ дете со 14 години помладата Хана Хуљиќ, а како што откри овој пат ќе добие момче.
Тој откри и како се чувствува Хана за време на бременоста.
“Како е Хана? Како и секоја трудница. Еден ден јаде кроасани, другиот ден не сака кроасани. Потоа еден ден мојот парфем мириса одлично на неа, следниот ден е ужасно. Претпоставувам дека така треба да биде, тоа е во ред“, рече тој. е за In Magaz
фото:Instagram printscreen/ petargrasoofficial