Радио Милева “неговата малечка“

Татковството на Бекам повторно мета на критики: „Неговото однесување кон девојче не е соодветно“ (видео)

Татковството на Бекам повторно мета на критики: „Неговото однесување кон девојче не е соодветно“ (видео)

Љубовта меѓу таткото и ќерката е посебна, а уште еден пример за тоа се Дејвид Бекам и неговата ќерка харпер.

Дејвид Бекам постојано беше критикуван за неговото однесување кон ќерката Харпер Бекам. Додека тој го гледа тоа како покажување на татковска љубов, луѓето што го следат сметаат дека е несоодветно да ја бакнува ќерка си во уста.

Така беше и минатиот викенд кога Дејвид Бекам дојде на фудбалскиот натпревар со Харпер, а папараците почнаа неуморно да го фотографираат.

49-годишникот ја доведе својата ќерка на натпревар на клубот во кој е косопственик, мислејќи дека таа ќе му донесе среќа, но неговиот тим не стигна далеку.

Сепак, Дејвид и Харпер изгледаа расположени додека се гушкаа и се смееја.

Оние кои присуствуваа на натпреварот, напишаа многу позитивни коментари за вклученоста на Дејвид во животот на неговите деца, особено за посветеноста кон неговата ќерка.

„Ми се допаѓа колку нејзиниот татко ја обожава. Мора да е затоа што е најмлада и затоа што дојде по три момчиња“.

Сепак, има и такви кои не би се согласиле со начинот на кој Дејвид Бекам покажува наклонетост кон своето дете.

„Бекам треба да разбере дека неговата ќерка расте брзо и дека таа е големо девојче. Ова однесување е сосема несоодветно“, е еден од коментарите на слебениците кои сметаат дека некои негови однесувања кон Харпер не се коректни.

фото: You Tube printscreen/ Mega Celebrities

To top