Иако е медиумска личност и секојдневно има работа пред камери, ТВ презентерката Татјана Стојановска не многу сака да се експoнира во јавност преку приватноста.
Сепак, јавната професија ја повлекува и љубопитноста кај луѓето кои за некогашната мис на Македонија секогаш сакаат да видат и прочитаат нешто плус.
Татјана важи за дама со стил, негувана жена која секогаш зрачи со својата природана убавина, косите очи, црната коса…
Денове таа својот Фејсбук профил го поднови со нова пофилна фотографија. Тања освежена со нова фризура, нешто поволуменозно фенирана и со шишки, а шминката онака телевизиска, нешто поинтензивна со црвен кармин и нагласени очи. Можеби мала промена во детали, но толку впечатливи што изгледот покрена лавина коментари.
„Еднаш мис, засекогаш мис“, „ Задржи се на оваа промена и крај“ „Не ти стои црвенава боја убаво. Ти и стоиш убаво на црвенава боја, ја отвараш некако, и правиш да свети“, се редеа ласкавите комплименти еден под друг.
Ќе ги прифати ли сугестиите и ќе се задржи на ваквата новина од имиџот, останува да видиме.
фото:Instagram printscreen/Татјана Стојановска (Китановска)