Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, тинејџерката Шајло (17) наводно се сели да живее кај нејзиниот татко, пишува „The Sun“. Таа се очекува да се пресели во мај кога ќе наполни 18 години.
„Шајло не е несреќна кај Анџелина, но наскоро ќе наполни 18 години и сака промена“, споделил инсајдерот со таблоидот.
Освен тоа, таа го обожува Бред и отсекогаш била татино девојче, додава изворот, а Пит бил пресреќен кога ја слушнал веста. Како што е познато, Анџелина досега не се обидела да ја спречи.
За разлика од Шајло, посвоените деца на поранешната двојка, 22-годишниот Медокс, 20-годишниот Пакс Тиен и 19-годишната Захара, го отфрлија Бред откако станаа полнолетни.
Захара дури и го отфрли презимето на нејзиниот татко, а Пакс го нарече Пит „светска класа с**т што ги тера неговите четири најмлади деца да треперат од страв“ во објава на Инстаграм за Денот на таткото 2020 година.
„Ги претворивте животите на моите најблиски во пекол“, напиша тој тогаш.
Инаку, Шајло е биолошка ќерка на Бред и Анџелина, како и 15-годишните близнаци Вивиен и Нокс.
„Кога едно од децата вербално ја одбранило Џоли, Пит му се нафрлил на сопственото дете, а Џоли го фатила одзади за да го спречи. За да ја тргне Џоли од грбот, Пит се фрлил наназад во седиштата на авионот, нанесувајќи ѝ повреди на грбот“, се наведува во документите предадени на суд.
фото:You Tube printscreen/ The Ultimate Expeditio