Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, го подготвува својот традиционален Велигденски концерт, под насловот „Велигденско празнување“ кој оваа година носи посебна порака и енергија поврзано со моќното мотото на новата концертна сезона „Пулсот на предците во ритамот на денешницата“.
„Танец“ ќе претстави програма која е мост помеѓу вековното наследство и модерниот сензибилитет, велат оттаму.
Годинашното издание на Велигденскиот концерт на „танец“ ќе се одржи во Македонски народен театар на 8 април, со почеток во 20 часот.
Билетите ќе бидат достапни на билетарницата на МНТ и онлајн преку официјалната мрежа на МНТ.
извор:нетпрес
фото: Танец/You yube







