Концертот што Тања Савиќ го закажа за 9 ноември во белградска арена е откажан, поточно одложен, јавуваат српските
Тања ги прави последните подготовки за спектаклот, а како што сега е откриено, поради закажаниот АТП турнир концертот треба да се одржи во втората половина на ноември.
За потсетување, Здружението на тениски професионалци (АТП) вчера соопшти дека од 3 до 9 ноември годинава во Белград ќе се одржи турнир од серијата 250.
View this post on Instagram
– Благодарни сме што добивме можност да организираме уште еден АТП 250 турнир, овој пат на тврда подлога. Белград има успешна историја на турнири на тврда подлога, бидејќи некои од највозбудливите натпревари и финалиња на Дејвис купот се играа овде пред многу години. Возбудени сме што ќе ја продолжиме оваа традиција и се трудиме се да биде уште повозбудливо и подобро, овој пат со АТП турнирот – изјави директорот на турнирот Белград опен, Ѓорѓе Ѓоковиќ.
фото:Instagram printscreen/ tanja_savic_private