Радио Милева дело на ношпал

Тамара за концертот ќе носи костим со силна симболика: Целата во црно со само еден детељ кој боде очи и навира солзи (видео)

Тамара за концертот ќе носи костим со силна симболика: Целата во црно со само еден детељ кој боде очи и навира солзи (видео)

Со безвременската „Време за плачење“ која симболично беше претставена како една од песните кои ја отсликуваат  нашата реалност по трагедијата во Кочани, беше најавен концертот на Тамара Тодевска кој ќе се случи вечерва во МКЦ.

Тамара и нејзиниот бенд периодов  макотрпно работеа на новите аранжмани од нејзините песни кои достојно ќе бидат изведени на сцена, со многу емоција и мелодии кои будат тажни чувства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

За концертот се’ мислеше на секој сегмент, а како соработници беа цел тим од млади креативци  и докажани уметници.

Од последните објави кои осамнаа на профилите на Тамара на социјалните мрежи, непосредно пред концертот можеме да видиме и како таа ќе изгледа на сцена.

Тамара ќе изгледа моќно и не случајно во црн костим кој го изработи познатиот македонски моден дизајнер Александар Ношпал.

Еден детаљ кој несомнено ќе биде во фокус од изгледот на ѕвездата на сцената, ќе биде еден брош во форма на солза како симбол кој се провлекуваше периодов од најавите за хуманитарниот концерт.

Токму за ова Тамара им се заблагодари и ги пофали сите оние кои придонесоа таа да биде комплетна вечерва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Ако не сте стигнале да бидете хумани, се уште има уште малку време до 20:00…

Картите се достапни преку “MK Tickets”.

Да оддадеме почит на оние кои повеќе не се меѓу нас, но трајно ќе останат во нашите мисли и срца, но и да помогнеме на најпогодените!

А за концертот… знаеме дека ќе биде ежење!

фото:Instagram printscreen/tamaratodevska

To top