Македонската пејачка Тамара Тодевска веќе подолго време ужива во љубовната врска со архитектот и дизајнер на ентериери, Лука Радовиќ, а најубавите заеднички мигови поминати со него ги споделува и со јавноста.
Сепак сега одлучи денот да го посвети на нејзините следбеници од социјалната мрежа Инстаграм и да одговори на нивните најинтерсни прашања.
Случајностите кај неа не се во игра, бидејќи се труди секоја песна да биде подобра од предходната. Тоа го потврди со следниот одговор откако некој од следбениците искрено ја пофали дека секоја нејзина нова песна е подобра од предтходната.
Се трудам секоја песна да е подобра од претходната и секоја да си го најде својот пат. Останете да следите… – ги повика таа.
Таа и овој пат не штедеше да им одговори на сите до еден, а она што привлече внимание беше одговорот на едно прашање со кое реши една дилема која многумина сакаа да ја знаат.
Имено, на сите им е добро познато дека Тамара со песната „Proud“ не претставуваше на „Евровизија“ каде со нејзиниот перформанс и вокални способности постигна исторски успех. Таа тогаш го освои првото место од жирито и седмото место од публиката, а со тоа на ова европско случување постигна и голем успех за Македонија.
Ова се однесуваше токму на таа тема, каде откри дали повторно би настапувала на Евровизија?
Одговорот беше позитивен, но сепак тоа би го направила само под еден услов.
– Само ако имам песна во која ќе верувам како што верував во „Pround“ – откри таа.
Соломонски одговор, за кој има уште еден услов или поточно предуслов за евентуално враќање на пејачката на евровизиското натпреварување. А тоа е само ако МРТ и македонската јавност одново поверува дека ќе има зошто Македонија да се врати и повторно да учествува на Евровизија.
Зашто поинаку, што ако на Тамара и е погодена песната во која ќе верува, ако нас не нема на евровизиската сцена?!
Фото: printskrin/instagram/tamaratodevska