Радио Милева поглед кон иднината

Тамара се покаја за љубопитноста по она што го виде за себе: Првин беше без коментар, а следно „прсна“ од смеење (видео)

Тамара се покаја за љубопитноста по она што го виде за себе: Првин беше без коментар, а следно „прсна“ од смеење (видео)

За македонската поп-фолк естрада Новата 2025 година пристигна порано. Музичарите веќе си прославија, одбројуваа, наздравуваа и секако пееја, ама за потребите на снимањата на новогодишните емисии кои како и секоја година се снимаат предвреме.

Mатеријалите сигурно се врeќе на монтажа за да се стигне навреме, а пејачите под импресии и секако со незаобиколните „стори“ објави кои се најдоа на нивните Инстаграм профили.

Една од многуте музички гости на новогодишната на МРТВ беше Тамара Тодевска која во меѓувреме додека траеше снимањето се муабетеше и шегуваше со младиот актер и стенд-ап комичар Стефан Николовски.

Тој низ забава ја вклучи една од апликациите кои можат да ти покажат како би изгледал на стари години.

Стефан првин се виде себе, а потоа ја сврти камерата кон Тамара. Првично од погледот кон иднината следеше шок, за потоа Тамара да „прсне“ од смеење за тоа што и донесе љубопитноста во дружбата со пријателот.

Ред песна, ред здравица и многу забава за енергија која допрва ќе ја гледаме на телевизија од најлудата ноќ во годинната.

Таму Тамара и Стефан нема да бидат предвреме остарени, туку под полна снага, младешки дух и празнична еуфорија.

фото:Instagram printscreen/tamaratodevska

To top