Пејачката Марија Шерифовиќ сподели тажна вест од својот дом и се збогува со своето милениче – кое беше ѕвезда на нејзиниот Инстаграм – со емотивни објави.
Марија Шерифовиќ, која планира да се пресели на друг континент, му посвети серија објави на своето милениче и се збогува со него со болни зборови.
„А животот, животот има свој календар. Мој дебел дрон, сега сите бургери се твои. Ќе ни недостигаш на сите. Сите кучиња одат во рајот“, напиша таа во една објава, а потоа додаде:

„Засекогаш најубавиот. Хак од Гладијатор. 9.2.2017-12.03.2026“.
Марија често споделуваше објави со своето куче и покажуваше колку многу сака да поминува време со него, а сега покажа колку силно ја погоди оваа загуба.
Пред Хак, пејачката имаше англиски булдог, Роби, за кого беше особено приврзана.

„Ти беше моето куче. Ти беше мојот Роби. Ти беше мојот син. Ти беше моето прасе. Мојата Луле. И денес ми се збогуваше и отиде на прекрасно место. Никогаш нема да те заборавам и ме теши што го живееше најубавиот можен живот и дека немаше ништо што не го направив за тебе! Срцето ми е скршено и никој нема да може да те замени! Секогаш ќе бидеш мој број 1! Сине мој, никогаш нема да те заборавам! Почивај во мир!“, напиша таа пејачката кога го загуби своето прво домашно милениче.
фото:instagram printscreen/ serifovic







