Денес е годишнината од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи за време на настапот на ДНК на 16 март, минатата година, 2025.
Ана Костадиновска, придружниот вокал на бендот, која присувствуваше на кобниот ден, денес, длабоката тагата и болката не може да ги сокрие поради ненадоместливата загуба.
Ана е една од преживеаните, но ги загуби своите најблиски соработници, луѓето кои и беа и пријатели, а меѓу нив беше Сара Пројковска, со која беа неразделни.

Се дружеа долго, ги делеа најубавите моменти од животот од сценски настапи до приватни. Тие две долго време беа заедно, градејќи спомени што времето не може да ги избрише.

По трагедијата Ана и се врати на музиката, но тагата кон Сара и блиските кои ги загубија животите ја потсетува секој ден.

На Инстаграм Ана објави трогателно видео, составено од заеднички фотографии со Сара, од различни периоди од нивниот живот. За позадина, избра песна од Тамара Тодевска – „Тешко без тебе“.
„Тешко, тешко без тебе една година“ – напиша во описот Ана и додаде емотикон скршено срце.


Болката е огромна, но фотографиите и спомените остануваат вечни. Датумите ќе доаѓаат, а ние ќе се сеќаваме на нив со љубов и почит.
Foto: print screen/Instagram/kostadinovska2486






